МЗТ Скопје покажа класа, го декласира ТФТ во финалето на Меморијалот „Андреј Грковски“

Екипата на МЗТ Скопје е освојувач на Меморијалниот турнир „Андреј Грковски“, кој вчера и денес се одржуваше во СРЦ Кале во Скопје. Актуелниот шампион на Македонија, во финалето го совлада домаќинот и организатор на турнирот, ТФТ, со убедливи 81-56.

МЗТ Скопје на денешниот натпревар комплетно доминираше од првата до последната секунда. „Аеродромци“ ги добија сите четири четвртини, 23-14, 18-11, 18-15 и 22-16.

Третото место на турнирот го освои екипата на Работнички, откако во утешниот меч го совлада Кожув со 89-80.

- Оглас -

Најнови вести