Во неделата се одигра пријателски натпревар меѓу селекциите до 18 години на Португалија и Македонија, којшто заврши со 3:1 во корист на домаќините.
Но, тоа што ја одбележа оваа средба којашто се одигра на стадинонот „Капитал до Мовел“ е потегот на младиот наш фудбалер Михаил Талевски.
Тој, без никаква причина во судиското продолжение, кога сè беше јасно, навистина неспортски одзади му стартуваше на Уго Феликс, братот на Жоао Феликс. Резултатот од оваа средба, беше целосно во втор план, но ваквиот неспортски потег е навистина лош, бидејќи и на млади години може да му ја „заврши“ кариерата на Феликс.
Погледнете за што станува збор, црвениот картон е најмалку што можеше да го добие.