Општина Кавадарци го презема клубот Еуроникел и му го враќа името Тиквеш

Советот на Општина Кавадарци донесе Одлука за отпочнување постапка за превземање на кошаркарскиот клуб Еуроникел 2005.

„Со оваа одлука Советот на Општина Кавадарци дава согласност за отпочнување на постапка за преземање на машки кошаркарски клуб ЕУРОНИКЕЛ 2005 Акционерско друштво Кавадарци во целост без надомест, во 100 % сопственост на Општина Кавадарци, со обврски во моментот на преземањето. Причина е тоа што врз основачот на МКК ЕУРОНИКЕЛ 2005 АД Кавадарци покрената е стечајна постапка. Кавадарци за сите!“, напиша градоначалникот Митко Јанчев во својата објава на „Фејсбук“.

Клубот кој долго ги носеше имињата Орка спорт, Фени индустри и Еуроникел го враќа името Тиквеш, а пред него треба да биде и името на турскиот спонзор Голден игл.

- Оглас -

Најнови вести