Полека но сигурно, опстанокот станува реалност за екипата на Фиорентина. „Виолетовите“ беа убедливи и славеа со 1-4 на гостувањето кај директниот конкурент Кремонезе, па сега со 28 бода се на 16-тата позиција со четири поени предност во однос на денешниот противник.
Победникот на мечот во Кремона беше решен уште по само половина час игра, бидејќи Фиорентина со головите на Паризи во 25-тата и на Пиколи во 32-рата минута имаше предност од 0-2. На 0-3 зголеми Додо во 49-тата минута, а единствениот гол за домашните беше дело на Окереке во 57-мата минута.
Конечните 1-4 ги постави Гудмундсон во 70-тата минута.

