Британската компанија за спортска анализа „Опта“ направи интересни прогнози за тимовите во Лигата на шампионите.
Според извлечените податоци, англискиот шампион Ливерпул е тимот со најголеми шанси да го освои најтрофејното европско клупско натпреварување.
Според анализите, шансите на Црвените да ја освојат Лигата на шампионите се проценети на малку над 20%.
Веднаш зад нив е лондонскиот Арсенал, кој во последните години е главен ривал на Ливерпул во Англија. Шансите на Топчиите се 16%, а на третото место со 12,1% е актуелниот европски првак Пари Сен Жермен.
За споредба, тимовите на Атлетико Мадрид, Јувентус и Аталанта се проценети само со 0,6% шанса за освојување на овогодишното издание на Лигата на шампионите.
„Опта“ е британска компанија за спортска анализа која обезбедува детални податоци и статистика за различни спортови ширум светот. Наместо да дава само основни резултати, „Опта“ собира, обработува и распространува детални податоци за секој момент од натпреварот.