Габриел Мартинели е еден од играчите кои имаше главна улога во тимот во претходните сезони. Фудбалерот кој игра по крилната позиција вели дека е воодушевен од квалитетот што го покажал неговиот нов соиграч Виктор Ѓокереш.
„Убаво е да се игра во офанзивниот дел заедно со Мартин Одегард, затоа што секогаш се обидува да те пронајде. Истото важи и за Виктор, кој има голем квалитет во играта. Мислам дека тие даајца ќе бидат одличен тандем. Јас ќе се обидувам што е можно почесто да му ја додавам топката за да може Ѓокереш да постигнува голови, по 30-40 во сезона“, оптимистички вели Мартинели.
Ѓокореш засега има постигнато три погодоци во Премиер лигата, а за денеска да постигне гол на дуелот против Вест хем има одлична квота од 1.65.