Европската фудбалска куќа УЕФА има намера да ја укине одредбата според која максимален број на гледачи на меч за време на пандемијата од Коронавирусот е 30 отсто од капацитетот на стадионот. Оваа одлука ќе биде за да може да се дозволи поголем број на навивачи, за време на мечевите од континенталниот шампионат.
Руските и англиските власти веќе соопштија дека очекуваат на стадионите во Санкт Петербург и Лондон да има многу поголем број на навивачи. истото го очекуваат и властите во Холандија за мечевите кои треба да се играат во Амстердам.
Европското првенство ќе се игра низ 12 градови во цела Европа и секоја влада во согласност со одлуката на УЕФА, ќе може да одреди колкав би бил максималниот капацитет на публиката на стадионите. Оптимистичката прогноза е да има барем 50 отсто пополнетост на трибините, а перфектно би било ако ситуацијата со пандемијата се смири и да се дозволи 100 отсто исполнетост на трибините.
Стадионот „Вембли“ во Лондон ќе биде домаќин на полуфиналните мечеви и на финалето.