Опуштен Турчин стана хит, без никаква дополнителна опрема освои сребро во стрелаштво!

Турскиот олимпиец во стрелаштво, Јусуф Дикеч (51) го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Париз во дисциплината 10 метри воздушен пиштол мешани двојки и стана вистински хит на социјалните мрежи.

Тој е хит поради опуштениот пристапот кон натпреварувањето. Пукаше со едната рака во џеб и без стандардна опрема за стрелање. Огромното мнозинство олимписки стрелци носат заштита за заштита на слухот и специјализирани очила за блокирање на видот на едното око и намалување на отсјајот. Дикеч ништо од тоа не користи и затоа веднаш стана популарен.

Ова беше негов петти настап на Олимписките игри. Тој ја претставуваше Турција во 2008, 2012, 2016, 2020 година и сега во Париз. Тој беше двократен светски шампион во 2014 година, победувајќи во дисциплините 25 метри стандарден пиштол и 25 метри централен пиштол.

 

- Оглас -

Најнови вести