Опуштено пред Аталанта: Ди Марија „го извади од патики“ Ерера (видео)

Анхел ди Марија е посебно расположен пред утрешната пресметка против Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите, што дури има време и да се пошегува со соиграчите.

Жртва на неговата шега беше Андер Ерера, кој не очекуваше дека Аргентинецот ќе се појави од кутијата и толку се исплаши што почна да пцуе, а испрати и сликовит поздрав со средниот прст.

ПСЖ по освоените трофеи во Франција, цели на комплетирање со пехарот во Лигата на шампионите. Аталанта е првата пречка која треба да се мине, а потоа ќе се чека подобриот од Атлетико Мадрид – Лајпциг во битка за финалето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести