Вообичаено пред секој меч на Лацио во Рим, трибините на стадионот „Олимпико“ ги прелетува маскотата на тимот, но на вчерашниот меч слета на погрешна трибина.
Орелот Олимпија, кој пред секој домашен натпревар ги прелетува трибините на „Олимпико“, на синоќешниот дуел слета на погрешна трибина, каде што се наоѓаа навивачите на Фиорентина.
Лацио славеше со минимални 1:0 благодарение на голот на Имобиле од пенал во 95-тата минута.