26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Организаторот донесе дали ќе има одложување на Австралија Опен

Ниту големите пожари кои ја имаат зафатено цела Австралија, а се движат и во близина на Мелбурн, нема да бидат причина да се одложи стартот на првиот Гренд слем тениски турнир, Отворенот првенство на Австралија. Организаторите на турнирот отфрлија секаква можност да има пролонгирање или откажување на турнирот.

Според планот, квалификациите за Австралија Опен ќе започнат на 13 јануари, а главниот турнир стартува на 20 јануари и ќе трае до 2 февруари.

Актуелниот шампион на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ пред два дена побара да биде одложен Гренд слемот затоа што може да биде загрозено здравјето на тенисерите, но и на гледачите.

„Мора сè да се земе во предвид, од условите во кои ќе играме до здравјето на играчите. Мислам дека организаторите ќе направат сè за да не се одложи шампионатот. Знам дека одложувањето ќе го поремети сезонскиот распоред, сите сакаат овој Гренд слем да се одржи во планираниот период. Но, на прво место мора да биде здравјето на тенисерите, па сè останато. Ако пожарите продолжат со исто темпо, тоа ќе влијае врз временските услови, како и на квалитетот на воздухот, така што се надевам дека во таква ситуација првенството ќе се помести“, истакна Ѓоковиќ.

За среќа, во Австралија заврна дожд и полека стивнува огнената стихија.

„Со оглед на информациите со кои располагаме, прогнозите се добри и турнирот треба да се одржи во предвидениот термин. Најблискиот пожар е на неколку стотина километри од Мелбурн  и нема никакви опасности за тенисерите и гледачите“, рече шефот на австралиската тениска федерација, Крег Тили.

 

- Оглас -

Најнови вести