19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Организаторот ги исполни заканите, обезбедувањето „тресе“ на влезовите во „Вараждин арена“ (Фото)

„Вараждин арена“ започнува да се полни за мечот од Светското ракометно првенство помеѓу Македонија и Гвинеја, а од она што може да се забележи на влезовите од салата, обезбедувањето буквално ги претресува сите навивачи. Се бараат тврди предмети и шишиња, како што беше и најавено.

Забележано е и двојно поголемо присуство на обезбедување и полиција, кои ќе го обезбедуваат мечот, а делот од трибината што се наоѓа зад клупите за резервни играчи и записничката маса, ќе биде затворен за гледачи.

- Оглас -

Најнови вести