Организаторот предизвика скандал: Лица прекинаа пренос во живо и се закануваа дека ќе ја искршат камерата ако продолжи да снима (Видео)

Светското првенство сè уште не е започнато и со репрезентациите и навивачите пристигнуваат и новинарите, кои веќе почнаа да се соочуваат со проблеми во извршувањето на работните задачи.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како данскиот новинар Расмус Тантхолд го оневозможуваат да ја работи својата работа. Додека тој известуваше во живо, до него дојдоа три лица, кои наводно биле агенти за безбедност и му наредија да го прекине преносот, а потоа му се заканија дека ќе му ја искршат камерата.

Новинарот во тие моменти му се обраќа на едно од лицата:
„Го викнавте целиот свет да дојде тука, зошто не можам да снимам? Ова е јавно место“, рече новинарот Тантхолд и потоа ја покажа новинарската акредитација. Во тие моменти, едно од лицата ја фати камерата и се закани дека ќе ја искрши.

„Ова многу кажува за тоа што е Катар. Може да бидете нападнати додека работите во слободните медиуми. Катар не е демократска земја. Моето искуство по посетата на 110 земји во светот е дека колку повеќе треба да се криеш, толку е потешко да се направи извештај“, изјави подоцна новинарот Тантхолд.

Откако настана скандал и целиот свет го виде инцидентот, организаторот им се извинил на новинарот и снимателот кои известувале и потоа одржал состанок на кој одлучиле да биде дозволено снимање од сите локации во Катар за сите акредитирани новинари.

- Оглас -

Најнови вести