Организаторот на првиот годинешен гренслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија, непосредно пред стартот на новото издание му оддаде признание на Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во Мелбурн победи дури десет пати, а од понеделник ќе ја започне битката за единаесеттиот трофеј и прв противник ќе му биде квалификант, а организаторот му оддаде признание за неговите успеси.
https://twitter.com/i/status/1745249164899033161
Организаторите на социјалните мрежи објавија две видеа, во едното видео му ставија круна на главата означувајќи го како најдобар на сите времиња, а во второто потсетија на десетте трофеи кои Ѓоковиќ ги освои во Мелбурн.
https://twitter.com/i/status/1745310628846481757