Мексиканските власти направија залуден обид да смират два завојувани наркокартели со тоа што решија да им организираат пријателски меч во затвор. Дуелот бил меѓу Залевски картелот и Лос Зетас картелот, а требало да биде како нов старт во Новата година.
Сепак, наместо фудбалски меч, на крајот се случил масакр. Дури 16 луѓе загинале, а петмина се повредени кога во сред мечот започнал вооружен судар на двата картели. Затворениците кои биле дел од фудбалскиот меч извадиле пиштоли, пушки и друго оружје и почнале да се убиваат меѓу себе.
Сите 16 убиени се затвореници, а повредени се петмина посетители кои го гледале мечот. Тоа биле луѓе кои се роднини и пријатели на затворениците кои наместо фудбал, на крајот направија вистинска војна. Картелот Зетас настанал како дел од Залевски картелот, а во 2010 година се одвоил и работи самостојно и важи за еден од најопасните и најголемите наркокартели во Мексико.
Cascarita de Fútbol entre el Cartel Del Golfo y los Zetas en penal de Cieneguillas, en Zacatecas, termina en riña y deja 16 muertos y 5 heridos https://t.co/0Y4OlLRQbx pic.twitter.com/gXB76Sz70A
— Blog del Narco Oficial (@blogdelnarcomx) January 1, 2020