Манчестер сити и Фил Фоден се договорија да ја обноват соработката на дополнителни шест години, со тоа што англискиот репрезентативец отсега ќе заработува значително повисока плата.
Досега Фоден на неделно ниво инкасираше 11.000 фунти, но со новиот договор стана петти најплатен играч во редовите на англискиот првак со 225.000 фунти неделна плата.
Креативниот офанзивец апсолутно ги заслужи покачените примања бидејќи изминативе неколку сезони се наметна како важен адут во составот на Пеп Гвардиола. Фоден на свои 22 години веќе бележи 168 настапи за Граѓаните во сите натпреварувања со учинок од 45 гола и 33 асистенции, притоа освои 11 трофеи, од кои четири се титули во Премиер лигата.