Орие бил истепан од соиграч додека бил со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска (Видео)

Серж Орие имал многу непријатно искоство на последниот репрезентативен собир со селекцијата на Брегот на Слоновата Коска. Играчот на Тотенхем беше повикан за пријателскиот меч против Јапонија кој се играше во Холандија, кога не ни очекувал дека ќе биде истепан од соиграч.

Во составот на Брегот бил и Сереј Дие кој се прости од репрезентацијата, но добил покана да биде дел од репрезентацијата за дуелот со Јапонија. На видеото кое се појави, се гледа како Дие го провоцира и удира Орие, а играчот на Тотенхем немоќно се обидува да се одбрани.

Од таборот на Брегот на Слоновата коска велат дека Дие е човекот кој бил задолжен за создавање атмосфера во тимот и дека сето тоа било само шега. Од видеото кое се гледа, сами проценете дали е шега или Орие е тепан.

 

- Оглас -

Најнови вести