Оригинална идеја – Маратонот во Загреб е откажан, ќе се трча виртуелно

Маратонот во Загреб нема да се трча по улиците на градот како што досега беше вообичаено, со масовна трка, туку ќе се одржи виртуелно.

Пријавите се за различни категории, а ќе се трча маратон, полумаратон и Гармин трка на 10 километри. Секој натпреварувач ќе пријави патека во должина на вистински маратон или полумаратон и ќе мора сам да ја истрча на 11 октомври од полноќ до 23.59 часот истиот ден.

Сите натпреварувачи ќе можат да ги следат резултатите на конкурентите на интернет-страницата што ја подготвија од градот Загреб.

Следната трка со вообичаен масовен одзив ќе се трча на улиците на Загреб идната година.

- Оглас -

Најнови вести