Лионел Меси, ќе потпише нов договор со Интер Мајами, а според изворите кои тврдат дека работата е завршена, во договорот на 38-годишниот Аргентинец ќе има интересна клаузула.
Договорот треба да биде со важност до 2028 година, па дури и после тоа ако Меси сака да игра, но на крајот од 2026 година Меси ќе има право да го раскине, а на крајот од 2027 година и клубот ќе може да го раскине договорот.
Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година. Досега одигра 69 натпревари за тимот од Флорида, постигнувајќи 58 гола и запишувајќи 28 асистенции.
Се зборуваше за негово можно заминување со цел подобро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во Канада, Мексико и САД, но тоа би било лош публицитет за Американците ако Лео одлучи да си замине кога ќе му истече договорот на крајот од годината.
Се пишуваше и дека сака да игра во посилна лига, но Интер прави сè за да го задржи, па затоа по негова волја беше доведен и Родриго Де Пол од Атлетико Мадрид.