Оригиналниот македонски дрес одлично котира кај Хрватите (Фото)

Хрватскиот портал „Индекс“ објави интересна анкета со избор на најубав дрес во конкуренција на сите 24 репрезентации што ќе учествуваат на Европското првенство.

Интересно е што во анкетата како можен избор на македонскиот дрес ја поставија опцијата што е и најомилена кај македонските фудбалски симпатизери, односно црвениот дрес со сонцето, а не ги земаа предвид новите три варијанти што ги понуди ФФМ во соработка со германскиот производител „Јако“.

Анкетата е во тек, очекувано хрватскиот дрес води убедливо, а Македонија стои одлично и моментно со 358 гласа е на осмото место. Италија е на второто место, зад неа е словачкиот дрес, па шведскиот и финскиот во Топ-5.

Од нашите ривали во Ц групата, засега само Холанѓаните се пред Македонија на шестото место, а Украина е 15-та и Австрија е при дното на 20-тото место.

Анкетата е сè уште во тек и можете да гласате на следниот ЛИНК.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести