Шериф Тираспољ ја направи најголемата сензација, па можеби и во историјата на Лигата на шампионите, откако со 2:1 го победи Реал Мадрид, и тоа на „Сантијаго Бернабеу“.
Тимот на нашиот репрезентативец Бобан Николов на оригинален начин ја прослави победата на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.
На своето веќе постоечко лого, го додаде и тоа на Реал Мадрид. Нема што, навистина оригинално.