9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Орландо доби неочекуван јунак, а Брансон го одведе Њујорк во полуфиналето на НБА-купот (Видео)

Во текот на ноќта се одиграа две средби од четвртфиналето на НБА-купот, на кои триумфираа Орландо и Њујорк.

Орландо, иако ослабен поради неиграњето на првата ѕвезда Франц Вагнер поради повреда, приреди сензација и го елиминира Мајами со резултат 117-108.

Неочекуван херој на Меџик беше Дезмонд Бејн, кој го заврши натпреварот дури со 37 поени. Џејлен Сагс додаде 20, а штотуку закрепнатиот Паоло Банкеро постигна 18 поени.

Во редовите на Мајами, најдобри беа Тајлер Хиро со 20, како и Бем Адебајо и Ендрју Вигинс со по 19 поени.

Во полуфиналето се пласира и Њујорк. Кошаркарите на Никс ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Торонто со 117-101.

Џејлен Брансон ги предводеше Никс со 35 поени, а Џош Харт додаде 21 поен. На спротивната страна, најрасположен беше Брендон Инграм со 31 поен.

Во полуфиналето на НБА-купот ќе се сретнат Орландо и Мајами, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од вечерашните натпревари меѓу Оклахома и Феникс, како и ЛА лејкерс и Сан Антонио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести