Орландо и Атланта во битка за место во финалето на купот на САД

Орландо сити – Атланта јунајтед (01:30ч – полуфинале куп на САД)

Орландо и Атланта ноќеска ќе го одиграат провото полуфинале во купот на САД по кој ќе се добие и првиот финалист. Двете екипи подеднакво ја посакуваат победата бидејќи се борат за првиот пласман во финалето во ова натпреварување. Ниту Орландо, ниту Атланта претходно немале шанса да се борат за пехарот, па јасно е колкав е влогот во пресрет на дуелот.

Иако Орландо е домаќин и ќе има предност поради домашната публика, тоа не е проблем за гостите од Атланта бидејќи досега се без пораз во меѓусебните дуели со тимот од Флорида. Во седум меча Атланта брои пет победи и две ремија, а веќе имаат серија од четири победи едноподруго против Орландо, од кои две се на гостински терен.

Предлот тип: X2 & 1-3 (2.55)

 

Индепендиенте – Индепендиенте Дел Вале (02:30ч – четвртфинале Копа Судамерикана, прв натпревар)

Аргентинскиот состав е голем фаворит во пресрет на првиот четвртфинален дуел против гостите од Еквадор. Сепак, тимот од Дел Вале е непознат противник за Индепентиенте бидејќи никогаш претходно не се сретнале во меѓународните натпреварувања, така што домашната публика ќе треба да приреди атмосфера која ќе им пречи на Еквадорците да направат изненадување.

Индепендиенте е во серија од 11 меча во кои постигнале барем по еден гол без разлика од исходот на мечот, а уште повеќе треба да ја искористат лошата форма на гостите и да направат исчекор кон топ 4 фазата.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.08)

 

Балтимор Ориолс – Њујорк јенкис (01:05ч – МЛБ лига)

Регуларниот дел од сезоната во МЛБ лигата веќе е во последната третина, остануваат околу педесеттина натпревари до разигрувањата, а екипите се во битка за што подобар учинок, односно пласман. Јенките нема потреба да се грижат за такво нешто, тие се лидери во Американската лига со 73 победи од 112 средби.

Во нивна полза оди и формата, која е перфектна во изминативе седум меча, а вчера ја запишаа и првата победа против Балтимор. Ориолите пак, се меѓу послабите екипи сезонава и тешко дека нешто ќе сменат за овој дуел и ќе најдат начин да го спречат фуриозниот тим од Големото Јаболко.

Предлог тип: 2 прв ининг (2.30)

 

Бостон ред сокс – Канзас сити ројалс (01:10ч – МЛБ лига)

Бостон излезе од амбисот прекинувајќи ја серијата од осум последователни порази со триумф токму против Канзас. За разлика од нив, Благородниците не можат да се пофалат со тоа и тие уште бараат начин како да стават крај на црната серија која веќе трае седум меча.

Бостон воедно ја има најголагата серија во меѓусебните дуели против Канзас, осум меча во низа застанувале на победничката страна, а се чини дека и ноќеска ќе го повторат успехот. Ефикасноста е главна карактеристика кога се среќаваат овие две екипи, нека биде така и во овој дуел.

Предлог тип: >10.5 (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести