НБА тимот на Орландо меџик за првпат во својата 30-годишна историја ќе повлече број од употреба. Тоа ќе биде бројот 32 кој на почетокот на 90-тите години на минатиот век го носеше легендарниот Шекил О’Нил. Тој во 1995-тата го водеше Орландо до првото финале во НБА лигата, кое го загубија од Хјустон.
Легендарниот Шек својата НБА кариера ја започна токму во Орландо меџик, откако беше избран како прв пик на драфтот и таму се задржа се до 1996-тата година, кога премина во ЛА Лејкерс.
Шекил О’Нил во својата кариера освен за Орландо и Лејкерс, настапуваше и за Феникс, Кливленд и Бостон.
Официјалното повлекување на дресот ќе се случи на 13-ти февруари на дуелот против Оклахома.