Орландо нема магија кога му гостува на Далас

Маркус Морис (НБА, Детроит пистонс – Њујорк никс 01 часот)

Искусното крило на Њујорк никс игра сè подобро и на последните два меча беше прв стрелец на тимот со 29, односно 28 поени против Бостон и Сакраменто, иако тоа не се одразува на резултатите на клубот, што има само една победа на седум меча.

Никс постојано се во некаква реконструкција, па и Морис пристигна во една од многуте размени на кошаркари што ги направи Њујорк.

Маркус е одличен кошаркар, беше високо рангиран на драфтот, а го избра Хјустон како 14-ти пик во 2011 година. Просекот во кариерата му е 11,6 поени, но сезонава игра одлично и постигнува по 17,9 поени по меч во дресот на тимот од Големото Јаболко.

Очекуваме и ноќеска да биде во форма и да оди над 14 поени, колку што е во понудата на Sport Life.

Предлог тип: > 14.5 поени (1.87) 

 

Андре Драмонд (НБА, Детроит пистонс – Њујорк никс 01 часот)

Еден од горливите проблеми на Њујорк никс е што немаат квалитетни центри, па Мичел Робинсон, Боби Портис и Џулиус Рендл принудно играат на позицијата пет.

Сега ќе мора да се искомбинираат и да најдат чаре како да го сопрат Андре Драмонд, кој е еден од најдоминантните центри во Лигата. Задачата воопшто нема да им биде лесна бидејќи 26-годишниот кошаркар на Детроит сезонава има неверојатен просек од 21,3 поени и 19,4 скока.

За Пистонс сè уште не играат двете главни ѕвезди Блејк Грифин и Реџи Џексон, кои се повредени, па во нивно отсуство Драмонд е главен адут на тимот. Игра одлично, а ноќеска ќе има дуел со кошаркари што 8 меча во серија не го победиле ниту него, ниту неговиот тим Детроит. Домаќините се фаворити, а очекуваме Андре да постигне повеќе од 22 поени.

Предлог тип: > 22.5 поени (1.87)

 

Бредли Бил (НБА, Индијана пејсерс – Вашингтон визардс 01 часот)

Еден од најдобрите шутери во НБА-лигата одлично ја почна сезоната, иако тоа нема преголем ефект за Вашингтон визардс.

Бил има просек од 26,5 поени по меч, но е осамен во тимот и има слаба поддршка од соиграчите, што се рефлектира на резултатите на Визардс. Имаат 4 порази и две победи, а главен проблем е отсуството на Ол-стар бекот Џон Вол, кој е повреден.

Вашингтон ја прекина серијата од три порази со триумф против Детроит, а ноќеска повторно ќе игра со ривал од Источната конференција. Бил влече колку што може, постигна 123 поени на последните четири дуели, а очекуваме и против Индијана да биде ефикасен. Кај домаќините го нема Виктор Оладипо, кој е одличен дефанзивец, што е голема предност за најдобриот стрелец на Визардс.

На последниот меѓусебен меч во февруари годинава, Бредли постигна 35 поени против Пејсерс, а и сега е во одлична форма, па ќе типуваме дека ќе оди над 25 поени.

Предлог тип: >25.5 поени (1.87)

 

Хјустон рокитс – Голден стејт вориорс (НБА, 01.30 часот)

Голден стејт одлично одговори и кога има многу проблеми, па победи против Портланд на првиот меч по повредата на Стефан Кари. Покрај него, не играат и останатите две големи ѕвезди, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин, а долга е листата на повредени кошаркари.

На мечот со Портланд, Воините играа со само деветмина кошаркари, а ќе беше интересно ако НБА ги казнеше и Вили Коли Стејн, Спелман и Пул, кои направија прекршок и од клупата истрчаа на терен при закачката меѓу Вајтсајд и Бауман, што е недозволено во најсилната лига и повлекува суспензија од еден меч. Сепак казна нема, па тие ќе играат, но Хјустон е пресилен во овој момент за Голден стејт и ќе типуваме дека ќе победи со убедлива разлика.

Предлог тип: 1 со хендикеп 17.5 поени (1.90)

 

Далас маверикс – Орландо меџик (НБА, 02.30 часот)

Орландо патува на едно од најтешките гостувања за нив во НБА-лигата и среќа за нив е што двете екипи се во различни Конференции, па не играат често меѓу себе.

Меџик немаат магија кога играат во „Американ ерлајнс арената“ и имаат 8 порази по ред кога му гостуваат на Далас. Тимот им е ист, а домаќините се засилени со Кристапс Порзингис, кој ја игра првата сезона за Маверикс и се чини дека Орландо повторно нема оружје како да му се спротивстави на еден од најнегостољубивите домаќини за нив.

Врската Дончиќ – Порзингис функционира солидно, од нив се очекува да го водат Далас далеку сезонава, па се чини дека Орландо ќе биде само една попатна станица кон плејофот, што е извесен за Маверикс, според квалитетот на тимот.

Предлог тип: 1-1 (1.70)

 

- Оглас -

Најнови вести