33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Орландо со „магичен“ пресврт ја израмни серијата, Вагнер го наполни кошот на Кливленд (Видео)

Кошаркарите на Орландо меџик на двата гостински порази возвратија во иста мера и вторпат го совладаа Кливленд пред своите гледачи. „Магичните“ на домашен терен победија со убедливи 112-89 и ја израмнија серијата на 2-2 во конференциското четвртфинале против Кливленд.

Натпреварот започна израмнето, а гостите беа тие кои направија разлика во втората четвртина и заминаа на паузата со водство од 51-60. Сепак, во второто полувреме следуваше „магичен“ пресврт на Орландо. Домашните го добија третиот период со 37-10, а потоа и последниот со 24-19 и сосема заслужено дојдоа до победата.

Германецот Франц Вагнер беше најдобриот поединец на паркетот со 34 поени и вистински предводник на својата екипа до втората победа против Кливленд.

- Оглас -

Најнови вести