Висеа кабли од пајак-камерата – Орлите од Ајнтрахт прегрмеа бизарен прекин за победа во Менхенгладбах (Фото)

Ниту бизарниот прекин во финишот на мечот не ги спречи фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт да победат во Менхенгладбах против Борусија со 3:1 во последниот денешен меч од 11. коло во Бундеслигата.

Во 77. минута кога веќе беше 3:1 за гостите се откачија каблите од една од пајак-камерите над теренот, по што имаше опасност тешката камера да падне и да ги загрози фудбалерите.

Мечот беше прекинат за кусо, а потоа беше продолжен и заврши со истиот резултат што важеше до прекинот, 1:3 за Ајнтрахт.

Линдстром двапати и Ебимбе еднаш погодија во првото полувреме и ги разрешија сите дилеми која екипа ќе се радува на победа.

Почесен гол за Борусија постигна Турам, но само за утеха во третиот пораз сезонава за тимот од Менхенгладбах, кој остана со 16 бода на деветтото место.

За актуелниот освојувач на Европа Лигата тоа беше шестти триумф во Бундеслигата и сега Ајнтрахт е на четвртото место во Бундслигата со 20 бода, само 3 помалку од лидерот Унион Берлин, два од Баерн Минхен и еден од Фрајбург.

 

- Оглас -

Најнови вести