Мислав Оршиќ успешно ги минал медицинските прегледи во Саутемптон и сега се чека само формалниот дел, потпис на договорот на хрватскиот репрезентативец со популарните англиски Светци.
Договорено е трансферот на 30-годишниот напаѓач на Динамо Загреб да чини 6 милиони фунти, а Оршиќ ќе има годишна плата меѓу 2,5 и 3 милиони фунти.
Интересно е што за неговиот трансфер фенерџијата во Премиер лигата ќе прекрши едно за нив многу важно клупско правило, да не купуваат играчи постари од 25 години.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1611071328127180812?s=20&t=LOlFFfV0V72EKJFoaEjUEg
Во последните 3 години Саутемптон купи само еден фудбалер повозрасен од 25 години и клупската политика им е да купуваат само млади играчи и таленти.
Оршиќ подолг период е еден од најдобрите играчи во хрватската лига како фудбалер на Динамо Загреб и е редовен хрватски репрезентативец, а беше член на генерацијата што пред околу три седмици со Коцкестите го освои бронзениот медал на Мундијалот во Катар.