Јапонската тенисерка Наоми Осака пред неколку дена соопшти дека нема да настапи на првиот годинешен гренслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија, а денеска ја откри причината за отказот и сите ги израдува.
Имено, Осака на социјалните мрежи објави фотографија од ултразвук и на сите им откри дека е бремена.
„Не можам да дочекам да се вратам на тениските терени, но во 2023 година ќе има новости во приватниот живот. Изминатите неколку години беше интересно, но најинтересните моменти во животот се најзабавни. Изминатите неколку месеци надвор од спортот ми дадоа нова љубов кон тенисот, кому му го посветив животот. Сфаќам дека животот е краток и ништо не земам здраво за готово. Секој ден е благослов и авантура. Една од работите кои „ги гледам однапред“ е таа дека моето дете гледа некој од моите мечеви и некомуј му вели ‘тоа е мајка ми’. Новата 2023 година за мене ќе биде година во која „ќе учам многу лекции“ и се надевам дека ќе се видиме на стартот на 2024“, напиша Осака.
https://www.instagram.com/p/CnSHJx9Jw7Z/?utm_source=ig_web_copy_link
Веднаш по оваа објава, Јапонката доби илјадници пораки со честитки поради убавата вест.