Осака се расплака откако навивач ја навреди, а потоа не доби шанса таа да му се обрати (Видео)

Некогаш најдобрата тенисерка во светот, Наоми Осака е елиминирана во првото коло од Индијан Велс. Јапонката во два сета загуби од Вероника Кудерметова од Русија со 6:0, 6:4, а во првиот сет се случи еден необичен инцидент.

Навивач од трибините извика „Наоми, немаш врска од тенис“ и тоа беше причина за јапонската тенисерка да се растревожи, дури и да заплаче. Осака од главната судијка побара да добие микрофон за да може да му се обрати на некултурниот навивач, но и беше објаснето дека тоа не е можно.

 

- Оглас -

Најнови вести