Осака во два чекори урна тениски легенди

Наоми Осака е најплатената тенисерка и спортистка на свет за 2019 година и „Форбс“ објави дека новата рекордерка заработила 37.4 милиони долари лани.

Јапонката со тоа го урна рекордот на Марија Шарапова со ќар од 29.7 милиони долари во 2015 година, а притоа и го зеде приматот и на Серена Вилијамс.

Американката четири години по ред беше тенисерката со најголеми приходи, а белиот спорт може да се гордее со историски резултат.

За првпат на листата на влијателниот „Форбс“ во Топ-100 во иста година има две тенисерки во Топ-100 најплатени спортисти.

Осака со приходот од 37.4 милиони долари е на 29. место, а Серена Вилијамс со ќар од 36 милиони долари се најде на 33. позиција.

За првпат од 2016 година и две дами од било кој спорт се најдоа во стотката на магазинот „Форбс“.

 

- Оглас -

Најнови вести