Наоми Осака, која на тениските турнири настапува како Јапонка, можеби на 16-ти октомври ќе остане без јапонскиот пасош.
Најдобрата тенисерка на светот според ВТА-листата има и пасош на САД, но јапонскиот закон наложува дека кога некој Јапонец ќе наполни 22 години, мора да се изјасни дали го задржува јапонското државјанство како единствено. Ова значи дека Осака е пред избор, дали ќе остане Јапонка или ќе се реши да биде Американка, со што би останала без јапонско државјанство.
Таткото на Осака е од Хаити, а мајка ѝ е Јапонка. Таа е родена во Јапонија, во градот кој го има истото име како презимето на 21-годишната тенисерка која ги освои последните два гренд слем турнири, во САД и во Австралија. Но, Осака речиси цел живот е во САД, таму живее од својата трета година и нема да биде лесно да се откаже од американското државјанство.
Следната година во Токио има олимписки игри и интересно ќе биде да се види дали Осака ќе игра за домашната Јапонија или како репрезентативка на САД.