10.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Осасуна е рутина за Јорганџиите (видео)

Атлетико Мадрид лесно ја совлада Осасуна со рутинирани 2-0 за крај на мини-серијата од три меча без победа во шпанското првенство. Мората и Саул се погрижија за седмата победа на актуелниот вицепрвак, со која го одржаа одличниот учинок против Осасуна на домашен терен. Атлетико е непоразен во шест меча како домаќин, традиција која трае од 2009 година.

Избраниците на Диего Симеоне можеа уште во првите 45 минути да завршат поголем дел од работата, но дури по повеќе од еден час игра се стресе мрежата на Осасуна. Мората погоди во 67-та минута, Саул осум минути подоцна ги реши сите дилеми околу освојувањето бодови од овој меч.

https://twitter.com/CompsMsg/status/1205966815031103495

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести