Неколку шпански клубови се заинтересирани за македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, а најзагреана е Осасуна, чиј тренер Хагоба Арасате е фан на Барди кого го познава од времето кога Енис играше за Леванте и заедно со Лионел Меси беа најдобри реализатори на слободни удари.
Барди е играч на турски Трабзонспор, а клубот не би се противел на продажба на Барди ако добијат добра понуда.
Интерес за Барди има и од Жирона, се спомнуваа и други клубови од Шпанија, но Осасуна е прва во редот.