Серијата без пораз на Атлетико Мадрид порасна на осум меча по ред во Ла Лига, откако вечерва пред своите гледачи славеа со минимални 1-0 над Осасуна. И додека „јорганџиите“ опасно се доближуваат до врвот од табелата, Осасуна и по 14 години се уште сонува да освои бод(ови) во Мадрид, барем кога станува збор за натпреварите против Атлетико.
Екипата од Памплона последен пат успеа да остане непоразена против Атлеико на негов терен со 2011 годни, кога одигра 0-0.
Единствениот гол на мечот, што значеше и победа за Атлетико беше дело на Тијаго Алмада во 69-тата минута.