Осасуна со голот на Хосе во судиското надополнување ја совлада Селта со 2-1 во мечот од 36-тото коло во Ла Лига. Тимот од Виго бркаше победа која речиси ќе им го осигураше опстанокот во елитата, меѓутоа домаќините со пресврт ја уништија мисијата на Селта.
Санти Мина донесе водство за гостите во 10-тата минута, но Енрик веќе во 23-тата минута успеа да израмни. Неизвесноста траеше до самиот финиш, а Хосе ги разочара гостите.
https://www.youtube.com/watch?v=Tn3UuZ4ww-g
Селта на две кола до крајот на првенството има 36 бода и стои на 16-тата позиција, со четири бода повеќе од 18-то пласираната Мајорка. Осасуна нема грижи околу опстанокот кој го осигураа порано сезонава.
https://www.youtube.com/watch?v=dF-WL1VbiJo