Осасуна официјално поднесе жалба на настапот на Ињиго Мартинез за Барселона

Клубот Осасуна денеска поднесе жалба до Комитетот за натпреварување на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) во врска со наводното нерегуларно играње на играчот Ињиго Мартинез за Барселона на синоќешниот натпревар од шпанската лига кој Барса го доби со 3-0.

Клубот од Памплона смета дека учеството на фудбалерот Ињиго Мартинез го прекршило членот 5 од Анекс I од Правилникот на ФИФА за статусот и трансферот на играчите, кој наведува дека играчот кој не се приклучува на неговиот национален тим од медицински причини, не смее да игра натпревари за неговиот клуб во текот на пет дена по последниот меч на неговата репрезентација, а поминаа четири.

На 17-ти март, РФЕФ објави дека Ињиго Мартинез е повлечен од тимот поради медицински причини, особено поради „внатрешен параменисцитис на десното колено“. Исто така, истиот ден беше најавено повлекување на играчите Марк Касадо и Брајан Сарагоса од шпанската репрезентација поради медицински причини.

Клубот Осасуна смета дека Ињиго Мартинез, чие отсуство од шпанската репрезентација е поради лекарско отсуство, немал право да го одигра вчерашниот натпревар во согласност со прописите на ФИФА. Со оглед на овој факт, клубот одлучи да поднесе жалба во одбрана на своите права, правичноста на натпреварот и еднаквоста на сите негови учесници, објавија од Осасуна.

Од Барса засега нема реакција, но каталонските медиуми тврдат дека Ињиго смеел да да игра затоа што РФЕФ го ослободил играчот во исто време кога федерацијата објави рано наутро на 17-ти дека тој не е повикан во националниот тим и наместо него беше повикан младиот централен бек на Борнмут, Дин Хујсен.

На Ињиго не му бил направен лекарски преглед од лекарот на репрезентацијата и затоа тој бил ослободен од репрезентацијата без да се смета како дел од тимот, со тоа и нема обврска да го почитува рокот од пет дена за играње после последниот меч на националниот тим.

Сега случајот е во рацете на федерацијата која треба да реши дали ќе се прифати жалбата на Осасуна или не. Ако се одлучи во полза на Осасуна, мечот ќе биде регистриран со нивна службена победа од 3-0.

- Оглас -

Најнови вести