Роберто Торес е шпанската верзија на легендарниот Принц на Рим, Франческо Тоти, но нема докрај да ја повтори неговата фудбалска одисеја и ќе се замине од Осасуна по 18 години минати во матичниот клуб.
Тоти кој е легенда на Рома мина цели 24 години во клубот од Рим, единствен за кој настапуваше во богатата кариера.
Ретки се таквите играчи во светот на фудбалот што играле само за еден клуб, а досега таков пример беше и 33-годишниот Торес од Осасуна.
PRESS RELEASE | Roberto Torres will leave Osasuna after 18 years with the club.#LaMagiaDeElSadar | #LetsGoRojillos
— C. A. OSASUNA (@osasuna_en) December 29, 2022
Торес е цели 18 години во клубот од Памплона, каде и е роден, но сега одлучи да се раздели од Осасуна.