Оштетен ли е Реал Мадрид за пенал во 40. минута, ќе остане голема дилема долго по мадридското дерби со Атлетико, што може да биде клучно кралскиот клуб да ја загуби титулата во Шпанија.
По корнерот за гостите во гужвата во шеснаесетникот на Атлетико, топката го погоди Фелипе во раката, играта продолжи без одлука на судијата Ернадес да досуди на белата точка. Но, потоа арбитарот одлучи сам да го погледне спорниот момент и не досуди пенал по консултацијата со ВАР системот.
VAR checks a potential Atlético Madrid handball vs Real Madrid – no penalty from soccer
Претходно, Луис Суарес со прекрасен гол по фантастичната акција на Маркос Љоренте му донесе предност од 1:0 на Атлетико Мадрид и тој резултат е актуелен и по едне час игра на дербито во Ла Лига.