Астон вила и Лестер играат 2:1 по 60 минути на натпревар од англиската Премиер лига, но тоа што привлече внимание е поништениот гол на домаќините.
Во самата завршница од првиот дел, домаќините помислија дека имаат предност од 2:1, но погодокот на Џејкоб Рамзи беше поништен поради фаул над голманот на Лестер, Каспер Шмајхел.
Данскиот чувар на мрежата ја имаше топката со едната рака, додека другиот дел од топката беше допрен од земјата.
Правилата на ФИФА јасно говорат дека фаул врз голман се смета ако тој ја има топката во двете раце или пак едниот дел од топката допира со земјата, но подолг временски период.
Погледнете го видеото и пресудете сами:
Villa and goals where keeper has the ball are a bad relationship pic.twitter.com/DmiJgHRZck
— Jake 🧊⚔️ (@JTurnz) December 5, 2021