23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Осимен блиску до договор со ПСЖ, празнината во нападот на Наполи ќе ја пополни Лукаку

Италијанскиот прволигаш Наполи ќе има нов главен напаѓач во претстојната сезона.

Виктор Осимен си оди, негова следна дестинација е Пари Сен Жермен. Тој тренира со Наполи, но не игра на контролнитее мечеви, што значи дека преговорите за негова преселба се во тек. Трансферот е пред конечна реализација, а ни наполитанците не седат со скрстени раце, тие го договараат Ромелу Лукаку кој е играч на Челзи, но играше како позајмен за Рома во минатата сезона.

Лукаку го сака Антонио Конте, тренерот знае што може да очекува од искусниот Белгиец, и ќе проба од него да направи достојна замена за еден од најопасните голгетери во светот.

ПСЖ за Осимен ќе треба да плати над 100 милиони евра (Наполи бараше 130 милиони, но биде согласиле на секоја сума над 100), додека за слободата на Лукаку, наполитанците ќе треба да платат околу 25 милиони.

- Оглас -

Најнови вести