Нигериецот Виктор Осимен откако ја доби наградата за најдобар фудбалер во Африка за 2023 година, утрово во 1 часот по полноќ се врати од Мароко во Неапол и се очекува вечер да биде стартер на натпреварот од Лигата на шампионите против Брага.
Според италијанските медиуми, среќниот Осимен на соиграчите од Наполи во групата што ја имаат им пратил порака со текст: „Ќе видите, против Брага ќе постигнам три гола.“
Во Sport Life квотата дека Осимен ќе даде гол против Брага е 1.70.