Осимен е подобар од Халанд и може да бира каде ќе игра

Италијанскиот фудбалски агент Андреа Дамико смета дека фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, е најдобриот напаѓач на светот.

„Во овој момент Осимен е најдобар напаѓач на светот. Подобар е дури и од Халанд“, изјави Дамико за Радио 24.

Дамико не е агент на Осимен, тој застапува фудбалери како Себастијан Џовинко и Николо Фаџоли.

„Мислам дека Осимен ќе може да бира каде ќе игра, дали во Премиер лигата или во ПСЖ, кој би можело да остане без важен напаѓач. Мислам дека Меси ќе потпише за Мајами, но тоа е мое мислење“, изјави Дамико.

Виктор Осимен сезонава одигра 23 натпревари за Наполи во Серија А, постигна 21 гол и заедно со Хвича Кварацхелија се најзаслужни што на тимот од Неапол му се насмевнува титулата. Осимен во сите натпреварувања одигра 29 натпревари и постигна 25 гола.

- Оглас -

Најнови вести