Осимен е пред потпис на нов договор со Наполи, ниту еден гигант не сака да биде ограбен од Де Лаурентис

Нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен се наоѓа пред потпис на нов договор со италијанскиот шампион Наполи.

Италијанските медиуми пишуваат дека агентите на Осимен имале средба со претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, и дека наскоро напаѓачот може на потпише нов договор.

Според медиумите, Осимен би можело да остане во Наполи бидејќи иако речиси сите гиганти се заинтересирани за него, никој не сака да плати 150 милиони евра, колку што бара Де Лаурентис за него.

ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Челзи, дури и Реал Мадрид се откажаа од идејата да го ангажираат Осимен токму поради големата отштета која ја бара Де Лаурентис.

Актуелниот договор на Осимен со Наполи истекува во 2025 година, а Нигериецот во Неапол пристигна пред три години од Лил.

- Оглас -

Најнови вести