Екипата на Наполи одигра само 0-0 на гостувањето кај Болоња и тоа пред се поради промашениот пенал на Виктор Осимен во 72-рата минута.
Шампионот на Италија не успеа да реализира ниту од игра, иако во текот целиот натпревар беше подобар противник од домашниот состав.
Нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој денес го слави својот 24-ти роденден натпреварот го започна од клупата за резервни фудбалери, а шанса за настап доби во 76-тата минута на местото на грузиецот Кварацкелија.