Напаѓачот на Наполи и на нигериската репрезентација, Виктор Осимен, е прогласен за најдобар африкански фудбалер за 2023 година.
Осимен со 26 постигнати гола беше најзаслужен за освојувањето на титулата во Серија А на Наполи, која беше прва по пауза од 33 години.
„Ова е остварување на сонот. Им благодарам на сите кои ми помогнаа на овој пат“, изјави Осимен при примањето на наградата.
Тој стана првиот нигериски фудбалер кој ја добил наградата за најдобар африкански фудбалер по Нванкво Кану во 1999 година.
Осимен во изборот за најдобар играч во Африка ги победи Мароканецот Ашраф Хакими и ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, кои завршија на второто и третото место.
За Салах ова е најлош пласман во последните пет години бидејќи во 2017 и 2018 година беше прогласен за најдобар африкански фудбалер, во 2019 и 2022 година беше второпласиран зад Садио Мане, а во 2020 и 2021 година поради пандемијата на корона-вирусот не се доделуваше наградата.