Галатасарај продолжува да гази во турското првенство и убедливо со 3:0 славеше на гости кај Анталијаспор. За Галатасарај ова беше осма победа, а има само уште едно реми, па досега освои 25 од максималните 27 бодови.
Мауро Икарди беше најзаслужен за победата на турскиот гигант постигнувајќи по еден гол во двете полувремиња. Веќе во 52 минута Галатасарај водеше со 2:0, а во 78 минута во игра влезе и Виктор Осимен.
На голгетерот му беа потребни помалку од 15 минути за да го постигне можеби најубавиот погодок викендов. Осимен на спектакуларен начин, со ножички успеа да ја затресе мрежата на домаќините, а сите беа воодушевени од овој гол.