Осимен минимум еден месец аут, го пропушта дербито со Милан

Наполи објави дека напаѓачот Виктор Осимен има повреда на мускул во бутот на десната нога, која ќе го оддалечи 4-6 недели од фудбалските терени и ова значи дека Нигериецот нема да може да игра на дербито против Милан.

Осимен, кој во Серија А сезонава даде шест гола во осум кола, се повреди играјќи за својата репрезентација.

Освен против Милан, првиот стрелец на Наполитанците сигурно нема да биде во составот ниту на средбите со Верона и Унион Берлин. Најоптимистичка варијанта е тој да се врати за дуелот со Емполи на 12 ноември, но поверојатно е дека прв меч по паузата ќе му биде оној со Аталанта на 25 ноември во Бергамо.

- Оглас -

Најнови вести