Осимен му даде корпа на премиерлигашот, чека повик од шеиците

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, во претстојниот летен преоден рок се очекува да ја напушти Серија А и да се пресели во ПСЖ како замена за Килијан Мбапе, кој треба да го облече Кралскиот дрес, објавија француските медиуми.

Според медиумите, Осимен веќе ги откачил претставниците на Челзи кои сакале да го ангажираат налето и го чека повикот од емирот на Катар, кој е сопственик на ПСЖ за да го наследи Мбапе.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, не може да го спречи трансферот на Осимен бидејќи пред неколку месеци при потпишувањето на новиот договор со одличниот напаѓач беше вметната откупна клаузула која изнесува 130 милиони евра.

Оваа сума не претставува никаков проблем за еден од најбогатите клубови на светот и според француските медиуми, договорот на ПСЖ со Осимен е завршена работа.

- Оглас -

Најнови вести