Осимен останува соиграч на Елмас, ја одби понудата од Саудиска Арабија

Нигерискиот репрезентативец, Виктор Осимен, ја одби понудата на саудискиот Ал-Хилал кој му нудеше нешто повеќе од милион евра неделно.

Осимен и покрај понудите од Ал-Хилал и од неколку европски екипи, пред сè од ПСЖ и Манчестер јунајтед, одлучи да остане во Наполи и заедно со Кварацхелија, Елмас и соиграчите, да се обиде да ја одбрани титулата во Серија А, но и да се направи поголем успех во Лигата на шампионите.

Осимен кој има договор со Наполи со 2025 година, пред неколку дена заедно со неговиот агент имал средба со претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, на кој се разговарало за отштетата.

Наполи од саудиските екипи бара 200 милиони евра отштета, додека за останатите екипи е 150 милиони, а Осимен и неговите агенти бараат тоа да изнесува 110 милиони.

На крајот е одлучено напаѓачот и следната сезона да остане во Наполи и во наредниот период да се разговара за нов договор со кој откупната клаузула би била помала.

 

- Оглас -

Најнови вести